Каишки
Се користат за врзување на птицата. Добра каишка е лесна за врзување и одврзување и нема лесно да се кине и пука, под директно влијание на сонце и вода. Адекватен материјал за изработка на каишки е кожа, должината најчесто сам си ја определува соколарот, а најчесто е долга 20-25 cm, а широка 1,5 cm. Каква и да е каишката важно е да служи на целта и да е секогаш добро врзана. Редовно проверувајте ја состојбата на каишките, а не е лошо и од време на време да ја намачкате кожата со средтсво за кожа или крема, да би го продолжиле нејзиниот век на користење. Постојат повеќе разни типови на каишки, но најчесто се среќаваат "традиционалните каишки" и каишките од типот "Еилмери". Традиционалните каишки се всушност составени од едно парче кожа убаво врзани на тарзалните коски на птицата, со што е овозможено слободно движење на грабливката и претходно е осигурано дека не ја притискаат ногата на птицата, односно слободно ротираат околу ногата.

Соколарска торба
Секој соколар има потреба од соколарска торба. Во торбата се носат резервните осмици, кожни каишки, капи и најпосле уловот. Во торбата треба да има простор каде ќе ги ставите исецканите мевца и мамилото, ноже, вода, сендвич и сл. Нека биде што е можно полесна, бидејќи по неколку часа пешачење по полето ќе Ви делува далеку потешка. Повеќето торби се поделени со неколку прегради. Тоа е со цел сендвичот да не биде веднаш до мртвото тело на некоја птица. Кога ќе одбирате торба гледајте ременот да биде поширок. Тенкиот ремен ќе Ви го сече рамото.

Еилмери
Каишките од типот Еилмери ги измислил соколарот Гајл Еилма и се усовршена модификација на традицио-
налните. Тука се работи за парче кожа споено со нитна/окце, а низ нитната проаѓа парче кожа кое може да го вадите додека птицата лета, како не би и сметало во летот.

Ракавица
Ракавицата служи за заштита на соколарот од острите канџи на грабливките. Бидејќи знаеме дека храна на птиците грабливки претставува жив плен, многу често канџите се во контакт со крв. Крвта е еден од најдобрите субстрати за развој на бактерии. Затоа е потребно соколарите да се заштитат од потенцијални инфекции и повреди. Во зависност од видот на птица грабливка потребна е и соодветна ракавица. Ракавиците кои се користат за соколи не се доволно јаки за да Ве заштитат од стисокот на канџите на јастреб или пак орел.

Осмици
Осмицата е најслабиот дел од опремата за врзување на грабливките. Неуспехот на осмицата слободно да ротира може лесно да ја заплетка птицата. Тоа може да допринесе до стрес, скршени пердуви или можеби она најлошото. Кога станува збор за ротирачките осмици не смее да се импровизира. Најчесто се употребуваат осмиците за риболов, но само оние најголемите. Осмиците кои се користат за поводници за кучиња се апслотуно неупотребливи. Во светот се користат специјални осмици кои се наменски за користење во соколарството.

Ѕвончиња
Ѕвончињата претставуваат античка традиција во соколарството. Тие се користат со единствена цел да го пронајдете јатсребот на место со висока трева, грмушки, густи дрва и сл. Кога јастребот ќе улови птица и заедно со неа ќе падне во висока трева или грмушки тој е надвор од вашиот видокруг. Но, кога ќе почне да ги кубе пердувите од пленот, ѕвончето е тоа што ќе ви помогне да го лоцирате. Денес ѕвончињата се прават од различни легури и се многу лесни, така што не и пречат на птицата во ловот. Некои соколари преферираат ѕвончињата да ги ставаат на средниот пердув од опашот на птицата, а некои на ногата. Двата начина имаат свое оправдување.

Мамило
Мамилото служи да ја намамите птицата да се врати по него.Тоа претставува еден вид осигурителна полиса во случај птицата да Ви избега. Обично се користи мамило во форма на потковица на која се прицврстени крилја од пернатиот дивеч кој планирате да го ловите подоцна со вашиот јастреб. При изработка на мамилото внимавајте на материјалот од кој е изработено, како и на тежината. Мамилото прицврстете го на јаже долго околу 2-3m.

Вага
Вагата е веројатно еден од најважните алатки во соколарството. Секојдневната употреба на вагата е неопходна, бидејки однесувањето на грабливката е директно сврзано со нејзината телесна тежина. Постојат разни видови ваги, но дигиталните се најпрецизни.

Капа
Капата во сокола- рството игра голема улога. Главната цел е да спречиме птицата да гледа. Капата најмногу служи при дресурата на птицата. Кога грабливката сеуште не е привикната на својот нов партнер во ловот - соколарот, кучето, возењето во автомобил и сл.капата се користи да ја смирите птицата и да го избегнете стресот кај неа. Со тоа што соколот не гледа што се случува околу него допринесувате да се намали стресот кај него. Соколот или јастребот постепено прво се навикнува на секојдневните звуци околу него, а подоцна и на изгледот и формата на нештата. Постојат три типа на капи и тоа англо-индијски, арапски, и холандски. При изборот на капа треба да се внимава капата да биде доволно широка околу клунот на грабливката за да може слободно да го плукне оној несварлив дел од храната како што се пердувите и коските.

Радио–телеметријата
Радио–телеме- тријата служи за лоцирање и пронаоѓање на изгубените птици. Ова е дефинитивно најрево- луционерата промена во модерното соколарство, која дозволува соколарите да ловат со иста птица подолг период, без страв дека ќе ја изгубат. По пат на радио бранови кои ги емитува предајникот кој е закачен на птицата, и антената која е кај соколарот. Со помош на телеметријата бројот на изгубени соколарски птици е се помал. Опсегот на кој делува телеметријата како и фреквенцијата, зависи од произведувачот.

Сад за капење
Птиците грабливки ретко пијат вода бидејќи потребната количина течности ја добиваат преку исхраната т.е. месото. Тие најмногу пијат вода по митарењето кога крвта се враќа од пердувите во телотои е многу концентрирана со минерали. Садот за капење треба да е присутен и зиме и лете. Зиме кога водата ќе замрзне, испразнете го и повторно наполнете го. Редовно менувајте ја водата во садот. Големината на садот треба да биде доволна за да може да го собере целото тело на грабливецот и тоа од врвот на клунот до крајот на опашот. Можеби нема да се случува често тој целосно да се намокри, но битно е Вие да му обезбедите услови. Запоменте, грабливците не пливаат па затоа немојте да ги преполнувате садовите со вода.

Astroturf

Стојалиштата за птици грабливки треба да се покриени со Astroturf – вештачка пластична трева, материјал кој дава идеална подлога за здрави нозе на вашата птица. Овој материјал го подобрува крвотокот во нозете на птиците со што директно ја спречува честата појава на отекување на стопалата на грабливките познато како 'Bumblefoot'. Бидејќи се работи за пластична подлога која птиците неможат да ја користат во процесот на острење и кратење на клунот и канџите, за тоа ќе треба да се погрижи соколарот

designed and powered by inSourcing