За нас

logo_jarak Јарак е здружението за заштита и одгледување птици грабливки основано 2005 година според Законот за здруженија на граѓани на Република Македонија. Целта на здружението е да ги заштити дивите птици грабливки во природата, да ги заштити нивните гнездилишта, прихрана на птиците грабливки, да спроведе мониторинг, како и да лобира за донесување на законска регулатива за соколарството во Република Македонија.

jarak_ekipaЗдружението има свој сопствен статут и начела; усвоени принципи за одгледување на птиците грабливки, како и ловот со нив; соколарски испит, прашања за испитот како и пропишани услови за одгледување на овие птици во домашни услови. Сите начела и услови на работа се усогласени со Европските стандарди, пропишани од Меѓународниот совет за заштита на ловната дивеч. Јарак успешно соработува со странски организации и домашни институции. Здружението за заштита и одгледување птици грабливки Јарак е член на IAF (International Falconers Assotiation).

Активности

1. Увоз на првите соколи за соколарство Како голем љубител и познавач на птиците грабливки претседателот на Јарак успеа за првпат во историјата на РМ во 2006 та година да увезе 4 единки од сив сокол (Falco peregrinus) како донација од Австријската соколарска асоцијација (Österreichischer Falknerbund) . Ова беше изведено во согласност со ЦИТЕС регулативите и соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта на оваа донација е добивање на домашно одгледани соколи кои би служеле како основа за развивање на соколарството во Република Македонија. Увозот на соколите беше изведен на легален начин. Секој оној кој би сакал да се бави со оваа уметност во ловот може да набави легално произведена птица со сета потребна документација и дозволи од надлежните Министерства и институции. Една од опциите е и користење на новодобиените соколи како резултат на вештачкото одгледување, со реинтродукција во природа каде знаеме дека порано ги имало, но како резултат на неконтролираното ловење и уништување на гнездата од страна на несовесни граѓани (најчесто гулабари) сега се истребени.

2. Истражување на генезата на соколите во Македонија во соработка со IWC Ltd. Во март 2007 година во присуство на проф. Д-р. Ендру Диксон, ги посетивме неколкуте локации на гнездење на Falco biarmicus – планински сокол. Целта на обиколката беше да се соберат примероци од пердуви од кои би се изолирала ДНА и понатаму би се спровеле генетски испитувања за можната хибридизација на овој вид со степскиот сокол Falco Cherrug. Тимот на IWC Ltd. неуморно работи на секвенционирање на W-хромозомот кај степските соколи, со што тошно би се утврдила генезата на овие видови на соколи. Резултатите ќе бидат објавени од страна на институтот Абериствит во Велс.

3. Учествство на Соколарски Фестивал Лондон 2007 Во Јули 2007 македонското здружение за заштита и одгледување птици грабливки Јарак, со двајца свои претставници учествуваше на првиот интернационален соколарски фестивал во Лондон. Имавме ексклузивна можност да се запознаеме со соколари од целиот свет, да научиме многу нешта за различните традиции и начини на дресура, одгледувањето и размножувањето на птиците грабливки. Чувството да се биде во присуство на толку многу заљубеници во светот на грабливките е незаборавно. Се работи за луѓе кои ја разбираат, ценат и почитуваат природата. Знамето на Република Македонија беше развиорено и во оваа дисциплина или уметност во ловот. галерија од Фестивалот >>

4. Изложба на птици грабливки На 14 и 15 Декември 2007 за првпат во рамките на Орнитолошкиот шампионат на Македонија, кој се одржа во Природонаучниот музеј во Скопје, беше одржана ревијална изложба на соколи и птици грабливки. На изложбата беа изложени 3 примероци од сив сокол (Falco peregrinus) и еден јастреб кокошкар (Accipiter gentilis). Посетителите на изложбата имаа можност да се запознаат со полезноста на птиците грабливки, нивниот начин на живот, како и улогата во еко-системот, преку разговор со членовите од Јарак и информативни брошури. Изложбата беше пропратена и со видео проекција, поддршка од нашите колеги соколари од Чешката соколарска асоцијација. изложба >>

5. Едукативни активности Во Јануари 2008 по покана на Проф.Д-р. Владимир Малетиќ на Шумарскиот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј”, на катедрата по ловство беше одржано предавање за птиците грабливки. Студентите имаа ексклузивна можност практично да се запознаат со грабливите птици, да научат за нивниот начин на живот, размножувањето, ловот како и местото во ланецот на исхрана на грабливките. Оваа пракса би сакале да продолжи и да се прошири на повеќе образовни институции со што би ја подигнале свеста на граѓаните, а најважно од се на генерациите кои доаѓаат. галерија од предавањето >>

6. Соработка со зоолошката градина во Скопје
Јарак има остварено успешна соработка со Зоолошката градина во Скопје. До сега имаме подарено неколку птици како и донирано храна за нив.

7. Формирање на рехабилитационен центар за грабливки За жал нашите лимитирани капацитети и можности не ограничуваат во степенот до кој можеме да помогнеме во зачувувањето на нашето природно богатсво – птиците грабливки. Голем број птици грабливки секоја година се убиваат од несовесни луѓе. Некои од повредените птици не се во можност да бидат вратени во природата поради скршеници и разни други повреди. Дел од нив би можеле да се искористат како потенцијален материјал за размножување, а добиениот подмладок да послужи во целите на реинтродукција во природа. Но, за тоа ќе треба да се најдат сериозни донатори кои би инвестирале во зачувувањето на овие дијаманти на небото. Во Македнија сеуште нема рехабилитационен центар за грабливки. Минатата година имаме пример каде несовесни ловци пукале во сив сокол, во околината на Крушево. Покрај пријавата на немилиот настан во надлежното министертсво, немаше никаков одзив ниту реакција на нашиот апел. Соколот сега е во рацете на еден член на Јарак и користејќи ги техниките и методите на соколарството брзо се рехабилитира. Прашање на време е кога ќе можеме да го вратиме во дивината. пред и потоа >>